Еди Херн објасни зошто го избрале Роберт Хелениус за противник на Џошуа

Откако Дилиен Вајт падна на допинг тестот, саботниот боксерски настан во лондонската О2 арена беше доведен во прашање.

Организаторите на настанот веднаш почнаа да го бараат новиот противник на Џошуа, а на листата на потенцијални кандидати се појавија неколку имиња.

На крајот решија противник на Еј Џеј да биде Финецот Роберт Хелениус, кој боксираше минатата сабота и го победи Мика Миелонен со прекин во третата рунда.

„Беше како на Дивиот Запад – кој сака или кој не. Сакавме добар борец да дојде да се бори со Џошуа и да пружи добар меч. Хелениус има победи, а се обиде и против Вајлдер. Боксираше пред една недела и победи со нокаут“, изјави Еди Херн и додаде:

„Енди Руиз напиша порака, но не ни се јави. А и да го направеше тоа, веројатно ќе бараше десет милиони долари. Хелениус има две добри ППГ победи во Америка, удира силно и е добар борец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО