Конор Мек Грегор до Чарлс Оливеира: Беден клошару!

Чарлс Оливеира реши да игра по нервите на Конор Мек Грегор, што доведе до навреди упатени кон него.

На социјалните мрежи Мек Грегор изјави дека борбите се мотивација. Бразилската ѕвезда од своја страна му се насмеа на Ирецот и го потсети дека веќе 2 години нема мотив да се бори. Тоа е затоа што во 2021 година Конор ја скрши ногата во трилогијата со Дастин Поарие.

Оттогаш, поранешниот двократен шампион се опоравува и не е активен во кафезот. Сепак, „Озлогласениот“ не ја прекина активноста на социјалните мрежи и го исмејуваше Оливеира. Еве што му напиша Конор откако Чарлс го критикуваше за неговата неактивност.

„Се опоравуваш од скршената нога, господине никој. Сега повторно сте господин никој. Симни се од „ламборџините“, беден клошару“, му напиша Мек Грегор на Оливеира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО