Конор Мек Грегор: Боже, благослови ги луѓето во Турција и во Сирија!

Конор Мек Грегор му се моли на Бога.

Поранешниот двократен шампион на УФЦ се молеше за душите на сите луѓе. Побара од Бога да го благослови народот на Турција и на Сирија. Пред неколку дена имаше земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала на територијата на двете земји.

Илјадници згради се урнаа, а над 34.000 луѓе ги загубија животите. Се наведува дека жртвите најверојатно ќе бидат најмалку двојно повеќе од досега објавените. Ова е огромна трагедија која го потресе целиот свет. Многу земји се приклучија на добротворните кампањи за да им помогнат на двете земји.

Во Македонија имаше кампањи за помош на народот во Турција и Сирија. Мек Грегор исто така е потресен од ова и се молеше за сечии души.

„Ме удри автомобил кој се движеше со голема брзина. Добро сум, но дефинитивно сум истрауматизиран. Ја ценам помошта на мојот долгогодишен масер и пријател.

Во моментов Господ да ги благослови сите оние во Турција и во Сирија! Ја молам мајката природа да ги поштеди нашите тела. Боже, се молам за нашите души“, напиша Мек Грегор.

Она што се случи во Турција и Сирија беше навистина страшно. Господ да ги благослови сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО