Ислам Махачев со највисок хонорар од УФЦ 284, и Александар Волкановски не заостанува

Ислам Махачев однесе најмногу пари од настанот УФЦ 284, кој се одржа во Перт, Австралија.

Ѕвездата од Дагестан успеа да го совлада Александар Волкановски и ја задржа титулата во лесна категорија. Ислам победи со одлука, но не му беше воопшто лесно. Оваа победа му носи речиси милион долари на Махачев. И Волкановски зема близу милион.

Јаир Родригез, кој ја освои привремената титула во перо категорија, заработи 382.000 долари.

Ова се хонорарите:

  1. Ислам Махачев – 992.000 долари
  2. Александар Волкановски – 982.000 долари
  3. Јаир Родригез – 382.000 долари
  4. Џош Емет – 182.000 долари
  5. Џек Дела Мадалена – 154.500 долари
  6. Ренди Браун – 83.000 долари
  7. Џастин Тафа – 86.000 долари
  8. Паркер Портер – 34.500 долари
  9. Џими Крут – 66.000 долари
  10. Алонзо Менифилд – 66.000 долари
  11. Тајсон Педро – 66.000 долари
  12. Модестас Букаускас – 64.500 долари
  13. Џошуа Кулибао – 64.500 долари
  14. Мелсик Багдасаријан – 44.500 долари
  15. Шенон Рос – 24.000 долари
  16. Клејдсон Родригес – 40.000 долари
  17. Џејми Маларки – 66.000 долари
  18. Франциско Прадо – 16.000 долари
  19. Џек Џенкинс – 54.000 долари
  20. Дон Шаинис – 22.000 долари
  21. Лома Лукбунми – 86.000 долари
  22. Елиз Рид – 34.500 долари
  23. Шејн Јанг – 30.000 долари
  24. Блејк Билдер – 36.000 долари
  25. Зубаир Тухугов – 56.000
  26. Елвес Бренер – 38.000
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО