Конор Мек Грегор продолжи со жестоките навреди на Хабиб Нурмагомедов. Ирецот објави сериски скандалозен твит. Овој пат се зафати за позитивните допинг примероци со мелдониј на тројцата пријатели на руската ММА ѕвезда.
„Тројца од „Тимот мелдониј“ веќе беа фатени со забранети супстанции. Ислам, Зубаир и Маирбек. Сите тие се валкани и миризливи стаорци“, напиша на Твитер Мек Грегор. Малку подоцна го избриша своето мислење.
Причината за реакцијата на Ирецот најавата дека на УФЦ 242 во септември во Абу Даби, ќе учествуваат шестмина Дагестанци. Тоа се Нурмагомедов, Ислам Махачев, ЗубаираТухугов, Абубакар Нурмагомедов, Маирбек Таисумов и Зелим Имадаев.
„Мешање на алкохол со дрога е лоша работа, Конор – одговорија дагестанците на Твитер профилот на нивниот тим.
„Да пушташ твитови под влијание, а потоа да ги бришеш, ти стана навика. Не зборуваше многу, кога беше во кафезот со Хабиб“?