Даниел Кормиер: Се борам со Миочиќ и Џонс и се пензионирам

Поранешниот шампион во две категории Даниел Кормиер ќе ја брани титулата во тешка категорија против Стипе Миочиќ во главната борба на настанот УФЦ 241 во август. Кормиер најавува пензионирање по реваншот со Миочиќ и пресметката со Џон Џонс.

„Тоа е сè што сакам. Се чувствувам испонето, кога се подготвувам за борба со Џон Џонс. Претпочитам да се обидам и да го направам тоа подобро. Треба да се вратиш и да се обидеш да си вратиш за поразите. Ако не успеам да вратам, тогаш не треба да се грижите за мене, бидејќи ќе се поправам. Но јас, едноствано, сум многу конкурентен. Ако има друга борба по Миочиќ, таа треба да биде Џонс.

Причината поради која не сум се борел од март е што имав операција на грбот во декември. Ако има борба, таа требада биде со Џонс во полутешка категорија, затоа што ме победи и морам да му вратам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО