Конлан се одмазди за поразот во Рио, Теофимо Лопез со нокаут ја освои светската титула (ВИДЕО)

Мајкл Конлан (13-0, 8 КО) се одмазди за поразот на Олимпијадата во Рио по три години.

Поранешниот аматерски светски првак во четвртфиналето на олимпискиот турнир во бантам беше поразен со контроверзна судиска одлука од Владимир Никитин (3-1).

Реваншот се случи на настанот на Топ ранк во њујоршкиот Медисон сквер гарден, предводен од Теренс Крафорд и Егиџиус Кавалијаускас

28-годишниот Ирец, со едногласна одлука на судиите (98-92, 99-91, 100-90), го порази една година постариот Русин кој се бореше подобро отколку што сугерираа бодовните ливчиња.

Теофимо Лопез (15-0, 12 КО) ја освои првата светска титула со нокаут во втората рунда против Ричард Комеј (29-3, 26 КО).

22-годишниот Американец роден во Хондурас во мечот за титулата во лесна категорија на ИБФ го соборуваше  10 години постариот Ганец со десно кроше во моментот кога двајцата задаваа удар, но тој беше побрз. Комеј успеа да одговори на броењето, но беше немоќен пред новите налети на Лопез и мечот го прекина кон средината од втората рунда.

По победата, Лопез го предизвика Васил Ломаченко да се борат за обединување на титулите.

https://www.youtube.com/watch?v=embNRzvL44E&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО