Конечно: Кличко-Фјури на 9 јули во Манчестер

Klicko Fjuri pozicija udira

По долги преговори и различни шпекулации за тоа каде ќе се одржи новиот боксерски спектакл меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко, конечниот избор е Манчестер, град кој ќе има можност да ги пречека големите фанови на боксот од различни страни на светот на 9 јули.

Иако официјалната потврда треба да пристигне подоцна во текот на денешниот ден, тренерот и чичко на Тајсон Фјури се погрижи јавноста многу порано да ја пренесе ексклузивната информација.

„9 јули, Тајсон Фјури и Кличко пристигнуваат во Манчестер. Официјалната потврда ова попладне“, напиша Питер Фјури на својот официјален Твитер профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО