АктуелноДомашна сценаКик бокс

Концепцијата на Титан про е врвни кикбоксери, едукација, всадување љубов за татковината

Препознаен е и по едукативниот дел кои го работат со членовите од најмала до најголема возраст. Преку едукација за татковината и будење на националното чувство, до водење на едукативни екскурзии во државни и приватни институции во државата. Математички вежби, функционални вежби за физички раст и развој, безброј спортски игри за кондиција преку кои секој поединец станува подобар спортист.

Клубот за кик бокс и мај тај Титан про од Скопје е основан во екот на пандемијата во 2020 година.

Храбар и одлучен потег на основоположникот, претседател и главен тренер во клубот, Мартин Јованов.

Со идеја сето негово претходно искуство, да го насочи кон градење на нови спортски и дисциплинирани карактери.

Спортскиот дел доаѓа од неговите денови во кикбоксот како репрезентативец, а дисциплината како припадник на специјалната единица „Волци“.

Клубот функционира пет години во населбата Козле. Досега има учествувано на многу државни и меѓународни натпревари. Како по успешни ги издвојуваме националните првенства, балканскиот куп и светските купови, од каде се освоени нногубројни медали.

Концептот на клубот е културна и спортска афирмација на членовите на истиот во општеството.

Препознаен е и по едукативниот дел кои го работат со членовите од најмала до најголема возраст. Преку едукација за татковината и будење на националното чувство, до водење на едукативни екскурзии во државни и приватни институции во државата. Математички вежби, функционални вежби за физички раст и развој, безброј спортски игри за кондиција преку кои секој поединец станува подобар спортист.

Важи како клуб со најмногу достапни термини, како групни така и индивидуални. Можноста да се тренира во овој клуб ја имаат од најмали до највозрасни заинтересирани поединци.

Титан про викендов имаше успех на Националното кик бокс првенство. Нивниот 12-годишен член, Иван Чолаков, кој со само четри месеци тренинг освое златен медал во дисциплината кик лајт за помлади кадети до 42 киолгарми. Чолаков забележа со три последователни борби со убедливо водство во неполни два часа..

И 9-годишниот Михаил Бошковски со убедливо водство во финалната борба освои златен медал во дисциплината поинт фајт до 33кг

.Титан про на Националното првенство освои 8 медали – 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени.

По години млад клуб, но со долгогодишна визија во градењето на личности кои ќе придонесат во развојот на општеството и голема љубов кон татковината.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON