Комплетни резултати од Изборното првенство во Радовиш: Опомена за судбината на трофејното борење (ФОТО)

Bogadnov Balkanec na Drzavno vo radovis

На Државното изборно првенство во Радовиш евидентно беше опоравувањето на Балканец по кризата што ја имаше, така што освои четири од осумте можни титули, додека две и припаднаа на борачите на Лирија и по една на Вардар и Тефејуз.

Balkanec vo Stip

Радува фактот што Тефејуз се враќа на сцената и тоа доста успешно, додека Лирија располага со голем фонд на борачи и тоа добро го користи. Бучим овој пат остана без шампион, а вкупната реаспределба учествуваше со 4 медали и тоа претежно со млади надежни борачи. Адил Адили од БК Скопје ја најавува својата кандидатура за место во репрезентацијата, Владимир Егоров од Вардар покажа дека на нашите терени ќе нема конкуренција. Сепак, загрижувачки е, не од сега, што Спартак запаѓа во голема криза.

Lirija vo radovis

Како голем недостаток на првенството е отсуството на борачи од калибарот на Александар Стојанов, Ертан Реџепи и Бесмир Весели, но и на натурализираните Македонци, Аскербиев, Нуров, Зубаиров и Хамикоев. И борачите кои настапуваат во Германија, како Далибор Богданов, Даниел Филипов, Благој Трендов и други.

Tefejuz vo radovis medali

Но, со ниските работи во овој спорт мора да се престане ако сакаме да имаме успеси, во спротивно ќе зборуваме само за некои минати времиња.

Еве ги сите резултати од Државното изборно првенство:

57 кг. 7 учесници

  1. Владимир Егоров (Вардар)
  2. Елмедин Сејфулау (Лирија)
  3. Бесим Амети (Тефејуз)
  4. Ирфан Реџалари (Лирија)

61 кг. 5 учесници

  1. Раиф Камбери (Лирија)
  2. Иван Јанев (Бучим)
  3. Ѓерче Батески (Бучим)
  4. Амир Реџепи (Лирија)

65 кг. 6 учесници

  1. Јасин Реџалари (Лирија)
  2. Ријад Реџепи (Лирија)
  3. Младен Рунчев (Балканец)
  4. Адил Адили (Скопје)

70 кг. 7 учесници

  1. Дејан Митров (Балканец)
  2. Александар Павлев (Вардар)
  3. Дејан Спасевски (Балканец)
  4. Јетмир Имеровски (Тефејуз)

74 кг. 6 учесници

  1. Бехар Махмути (Тефејуз)
  2. Тодорчо Ангелов (Балканец)
  3. Фиданчо Јованов (Бучим)
  4. Ваљон Рогачи (Лирија)

 86 кг. 5 учесници

  1. Бобан Савев (Балканец)
  2. Рамадан Мустафовски (Тефејуз)
  3. Михаил Николов (Балканец)
  4. Јусуф Сахити (Лирија)

 97 кг. 8 учесници

  1. Аце Арсов (Балканец)
  2. Рамадан Бакија (Лирија)
  3. Стефан Никовски (Балканец)
  4. Адем Адем (Лирија)

125 кг. 8 учесници

  1. Бобан Данов (Балканец)
  2. Кристијан Крстев (Бучим)
  3. Ердал Раимов (Бучим)
  4. Буњамин Ебипи (Лирија)

Бодовен ранг на клубовите за Купот на Македонија:

  1. БК Лирија – Скопје ………………………………………………………………………. 44
  2. БК Балканец – Штип …………………………………………………………………….. 41
  3. БК Бучим – Радовиш …………………………………………………………………….. 14
  4. БК Тефејуз – Скопје ………………………………………………………………………… 14
  5. Ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО