Колби Ковингтон доминираше и го победи Хорхе Масвидал, Дос Анчос подобар од Моикано (ВИДЕО)

Борбата меѓу некогаш најдобрите пријатели, а денес лути противници, Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал го предводеше фантастичниот настан УФЦ 272 во Лас Вегас.

Колби го совлада Хорхе по одлични пет рунди и целосна доминација со едногласна одлука на судиите. Тоа беше негов 17-ти триумф во кариерата, а трет пораз во низа за Масвидал.

По првичниот тест на силите Колби веднаш го собори Хорхе и го држеше на оградата во поголемиот дел од првата рунда. Се обиде да ја прекине борбата, но не успеа.

Масвидал успешно се бранеше, а последните триесет секунди ги поминаа борејќи се на нозе.

Масвидал се обиде со „лоу кикови“ на почетокот на втората рунда, но Ковингтон успешно одбрани. Во средината на рундата Колби го удри Хорхе во незгодно место, па натпреварот за момент беше прекинат.

Масвидал по краткиот прекин неколку пати добро го удри противникот, но Ковингтон возврати со соборување.

Борбата беше повторно на нозе, а на крајот од рундата Колби го удри Хорхе со одлично лево кроше и се чинеше дека малку го стресе.

Третата рунда Ковингтон ја започна со истата тактика. Повторно го собори противникот, но овојпат целосно ја презеде иницијативата.

Откако го фати Хорхе за оградата, влезе во горна позиција и продолжи да удира. Масвидал се бранеше брилијантно, а Колби не најде можност да го заврши мечот.

Борбата се врати на нозе во последните десет секунди, а Хорхе доби неколку удари.

Четвртата рунда помина во голема борба на нозе во која и двајцата си разменија многу удари. Прво се закани Колби, а потоа му возврати Хорхе, кој за малку ќе го собореше противникот со одличен удар.

Масвидал веќе немаше сили да го заврши мечот, па Ковингтон се извлече.

Ковингтон во последната рунда веднаш го собори Масвидал и се обиде да стави крај на мечот, но Хорхе успешно одбрани.

Ковингтон се врати со победа по поразот од шампионот Камару Усман.

Бразилецот Рафаел дос Анчос во сонаслованата борба по одличен меч во пет рунди со едногласна одлука на судиите го совлада сонародникот Ренато Моикано, кој пред само неколку дена скокна како замена за Физиев.

Тоа беше буквално војна во октагонот во која и двајцата борци не се штедеа. Дос Анчос доминираше во поголемиот дел од борбата, па добро го изудира противникот.

Во пресрет на последната рунда судијата најави дека ќе ја прекине борбата, бидејќи Моикано се чинеше дека е многу исцрпен по силните удари кои ги доби.

Но, тоа не се случи и Ренато храбро влезе во последната рунда и беше голем противник на Дос Анчос кој рутинскиот го приведе мечот до крај и стигна до 31-та победа во кариерата и втора во низа. Тоа беше петти пораз на Моикано во УФЦ.

Брајс Мичел доминираше против Едсон Барбоза и убедливо стигна до триумфот, победувајќи со едногласна одлука на судиите.

Американецот со одлично борење стигна до 15-та победа во кариерата и го прескокна Барбоза на скалата на предизвикувачи во лесна категорија.

Американскиот борец уште во првата рунда се закани со еден удар од десната страна, но Барбоза побегна. Бразилецот можеше да возврати во третата рунда откако го фати Мичел во триаголник, но не ја искористи предноста.

Мичел го продолжи искачувањето на врвот во лесна категорија. Тоа беше втор пораз во низа за Барбоза.

Во своето деби во полусредна категорија, Кевин Холанд го победи Алекс Оливеира со прекин на почетокот од втората рунда.

Тоа тргна лошо по Холанд, а изгледаше помалку изгубено во првата рунда. Оливеира добро го удри неколку пати, а на крајот од првата рунда дури и се закани дека ќе го задуши.

Но, непосредно пред крајот на рундата, Кевин ги крена двата палци во воздух и со насмевка на лицето го поздрави звукот на сирената. Холанд со првиот удар во втората рунда го собори Оливеира и со лакт во глава дојде до победата.

Во тешка категорија одличниот Сергеј Спивак со прекин за нешто повеќе од две минути го совлада Грег Харди.

По третиот пад молдавскиот борец со серија удари стигна до победа над Американецот за петти триумф во УФЦ. Тоа беше трет пораз во низа за Харди.

Резултати од УФЦ 272:
Колби Ковингтон – Хорхе Масвидал -едногласна одлука (49–46, 50–44, 50–45)
Рафаел дос Анчос – Ренато Моикано – едногласна одлука (49–45, 49–44, 50–44)
Брајс Мичел – Едсон Барбоза – едногласна одлука (30-25, 30-26, 30-27)
Кевин Холанд – Алекс Оливеира – ТКО, Р2 (0:38)
Сергеј Спивак – Грег Харди – ТКО, Р1 (2:16)

Воведни борби:
Џалин Тарнер – Џејми Маларки – ТКО, Р2 (0:46)
Марина Родригез – Јан Сјаонан – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Николае Негумереану – Кенеди Нзечукву – под.одлука (27-29, 29-27, 29-27)
Мерина Мороз – Марија Агапова – завр. (гушење со рач. триаголник), Р2 (3:27)
Умар Нурмагомедов – Брајан Келехер – завр. (давење од позади), Р1 (3:15)
Тим Елиот – Тагир Уланбеков – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Чудовиштето Клајн – Девонте Смит – поделена одлука (28-29, 29-28, 30-27)
Дастин Џејкоби – Михал Олексејчук – едно. одлука (29–28, 29–28, 29–28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО