Кокер тврди: Емелијаненко сигурно ќе се бори следната година

Претседателот на Белатор Скот Кокер изјави дека 44-годишниот Федор Емелијаненко сигурно ќе се бори следната година.

Еден од најголемите борци во историјата на MMA треба да има уште најмалку две пресметки пред да се пензионира.

Последната борба Федор ја имаше во декември 2019 година кога во првaта рунда го победи Квинтон Рампејџ Џексон.

Првиот човек на Белатор сака Емелијаненко да се бори пред публика, но тој знае дека тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба.

„Федор постојано ми се јавува и ме прашува кога ќе се бори. Проблемот е во тоа што сакаме да се бори пред публика. Но, сега ќе биде многу тешко. Наскоро ќе донесеме одлука и ќе се обидеме да поправиме сè“, вели Скот Кокер и додава:

„Тешко е за борците во овој период. Ќе почекаме малку и ќе видиме што ќе донесе времето. Федор сигурно ќе се бори следната година, без оглед на се. Тој мора да се бори и да продолжи понатаму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО