Кмару Усман му помага на Барнс за дуелот со Чимаев

Поранешниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија на УФЦ, Жилберт Барнс е подготвен за борба со Хамзат Чимаев. „Дурињо“ ќе се обиде да ја сопрат чеченската сензација на нивната средба која ќе се одржи за една недела. Чимаев и Бернс се среќаваат на УФЦ 273 во Флорида.

Жилберт не е загрижен што Чимаев е поголем од него. Барнс вели дека Хамзат ќе треба да изгуби повеќе килограми, што може да влијае на неговите перформанси. Во интервју за ТМЗ Барнс изјави дека Камару Усман му помагал пред битката со Чеченецот.

„Спарирав со многу борци среднаши. Тренирам со елитни борци. Пред неколку дена дојде да ми помогне Камару Усман. Имам многу борци кои ми помагаат.

Колку сте поголеми, толку повеќе килограми ќе треба да изгубите. Понекогаш тоа боли и влијае на вашата изведба. Усман доаѓа во теретана и тренира. Тој се уште се опоравува заради десната рака.

Тој ми помогна неколку пати. Не трениравме заедно, но ми помогна со совети. Добро е да имате некој како него да ви помогне. Тој е многу интелигентен и дава добри совети.

Јас и Усман сме како Роки и Аполо. Се помирив со поразот од него. Немам ништо против Усман и не го бркам. Ја сакам титулата. Немам непријателство со Усман“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON