
Клубовите од Македонската традиционална теквондо федерација освоија 22 медали – 7 златни, 4 сребрени и 11 бронзени на Меѓународниот турнир „Србија опен“ во Нови Сад.
„Очекувавме добри резултати од овај натпревар, но браќата Димитриевиќ направија несекојдневен подвиг,доминирајќи во четири тежински категории во сениорска конкуренција, што ретко кој може да го направи. Успехот на овие двајца спортисти ќе има големо влијание на помладите натпреварувачи, бидејќи им покажуваат што значи упорност, дисциплина и посветеност на тренингот. Одлично е што дури и во тешките категории како -92 кг и +92 кг, Божидар успеа да го развиори македонското знаме, додека Владимир со силни настапи против светски и европски шампиони покажа дека е подготвен да атакува на врвот.

Владимир Димитриевиќ натпреваруваше во сениорска категорија -78 кг и -85 кг, кој во финалето -78 кг се сретна со актуелниот светски вицешампион од Бугарија, Димитар Величков. Покажувајќи извонредна борба славеше убедливо. Во категоријата -85 кг истотака во финалето се сретна со европски шампион, во последните 20 секунди изгуби тесно, со што покажа дека е рамо до рамо со шампионите и е подготвен да атакува на титула наредните европски или прветски првенства“, вели претеседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додава:

„И Климент Богоески се натпреваруваше во две тежински категории в омладинска конкуренција -63 и -69 кг, но во двете категории беше завшрен од актуелниот евоспки шампион Спесивцев Егор од Бугарија. Во првата категорија изгуби заслужено, но во втората изгуби за ден поен, што покажува дека учи брзо, и е подготвен да ја претставува нашата решрезентација на европско првенство“.
На турнирот настапија 400 натпреварувачи од 8 држави.

Освоени медали по клубови:
„Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид),
Теодора Митреска
1 место – форми, сениори (борба со замислен противник, црвен појас (18–34 години)
2 место – борби, сениори -67кг (18–34 години)
Теодора Тодороска
1 место – форми, младинки (борба со замислен противник, син појас (16– 17 години)
3 место – борби, младинки -64 кг (16–17 години)
Анастасија Чулулеска 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник), зелен појас (16– 17 години) 3 место – борби, младинки -58кг (16–17 години)
Миа Танеска
1 место – борби, кадетки +55кг (12– 13 години)
2 место црвен појас (12–13 години) место – форми, кадетки (борба со замислен противник)



