Клубовите бараат вонредно Собрание на Џудо федерацијата на Македонија

dzudo-borba-prilep-heroj-2016

Џудо клубовите во Македонија бараат вонредно Собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ).

Иницијативата ја имат покренато една третина од клубовите кои се членови на ЏФМ, а како причини за свикување на вонредното Собрание се наведуваат повеќе неправилности во работата на Федерацијата.

Иницијаторите велат дека се уште немат никаков одговор од канцеларијата на ЏФМ дали се прифаќа иницијативата.

Во дописот што е испратен до нашата редакција од ЏК Дрим од Струга се вели:

„Поминаа веќе 5 дена откако 1/3 од џудо клубовите во ЏФМ побараа да се свика вонредно Собрание. Причина за тоа е големото незадоволство кое владее кај поголемиот дел од клубовите поради неправилното и пристрасно работење на Џудо федерацијата на Македонија. Нетранспарентното работење на нејзината канцеларија која треба да е сервис за клубовите, и структурите и телата во ЏФМ, кој не вршат никаква позитивна работа за џудо спортот освен за лични интереси. Ова незадоволство трае и се искажува подолг временски период, но ЏФМ не е заинтересирана и не сака да слушне за незадоволството на клубовите. Незадоволните клубови се залагаат долг период за формирање на тренерска комисија и ДАН комисија и со тоа да се стави крај на фантомските клубови и клубови кој имаат тренери само на хартија, а никогаш не биле џудисти. Но ЏФМ е глува на овие барања, „не се знае од кои причини“. Не знаеме до кога ќе трае оваа агонија во ЏФМ и дали истите ќе најдат слух и начин да одговорат и да ги решат овие проблеми и барања на членките. Останува да видиме“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО