Клубот за реален аикидо „Нико“ ја шири својата мисија во источниот дел на Македонија

Клубот за реален аикидо „Нико“ од Кочани е пример за континуиран напредок и популаризација и ширење на оваа вештина. Освен тоа, тие оваа и минатата година има забележителни настапи на Државните првенства во аики демо, како и на семинарите во нашата земја и во странство.

Пред неколку дена „Нико“ отвори секција со нови членови во ОУ „Малина Попиванова“ во Кочани, а највува и отворање на секција во Виница.

Новата секција ќе го носи називот „Аико“, а на првиот тренинг што се одржа во училишната спортска сала, дојдоа триесетина вљубеници во благородната боречка вештина од различна возраст, но доминираа најмладите.

Од клубот очекуваат бројот на членови да се зголеми во наредниот период, со оглед што сè уште младите не се запознаени со можностите за спортување што им се нудат.

„Благодарение на Агенцијата за млади и спорт и Аикидо федерацијата на Македонија, со голема поддршка од нејзиниот претседател Ѓуро Илиќ, се прошируваме во источниот регион. Ја отвораме оваа секција во училиштето во Кочани, а идејата е понатаму да одиме и во Виница и околните општини. Кочани има голем потенцијал во спортот воопшто, па и во боречките вештини, како што се каратето и борењето, имаме голема соработка со сите клубови и целта на сите нас е да ги оттгрнеме најмладите од пред мобилните телефони и да ги натераме да спортуваат. Се надеваме дека наскоро ќе ја реализираме идејата и во другите општини“, рече Николчо Гоцев од КРА Нико.

Аикидото во Кочани има скоро десетгодишна историја, колку што и активно работи клубот, претходно беа отворени секции и во Оризари, Облешево и Зрновци. Во овој период низ клубот поминаа голем број млади кои ги изучуваа тајните на благородната вештина. Освен тоа, девет членови се стекнаа со мајсторска титула и подготвени се самостојно да одржуваат тренинзи, односно да формираат свој клуб.

Од КРА „Нико“ упатија повик до сите заинтересирани да се зачленат и да почнат со редовните тренинзи што се изведуваат во салата на ОУ „Никола Карев“.

Кадрите што произлегоа од клубот вештината ќе ја шират и во други градови и во други земји.

Факти за КРА „Нико“

Минатата година на Државно првенство во аики демо во Битола Нико со 18 натпреварувачи освои 19 медали – 9 златни, 7 сребрени и  2 бронзени и 1 златен за најдобар ассистент.

Резултати:
У15–ж-63+к
1.Тамара Постолова, Нико
2.Андреа Димитрова, Нико

У15–ж-57к
1.Александра Чолева, Нико

У18–ж-60к
1.Викторија Постолова, Нико

У18–ж-57к
1.Ангела Гицова, Нико

У18–м-73к
1.Кирил Апостолов, Нико
2.Кирил Јованов, Нико
3.Благоја Тасески, Нико

У21–ж-57к
1.Љупка Јорданова, Нико

У23–м-81к
1.Оливер Серафимов, Нико

У11–ж-30к
1.Теодора Анчевски, Маруи
2.Ива Стефанова, Нико

У11–ж-48к
1.Матеа Мицова , Нико
2.Викторија Апостолова, Нико

У11–м-30к
1.Стефан Гоцев , Нико
2.Лука Серафимов, Нико
3.Никола Ристов, Нико

У11–м-27к
1.Ален Максимов, Нико
2.Мартин Митев, Нико

У11–м-40к
1.Павел Чавкоски, Маруи
2.Максим Нисев, Нико

Најдобар асистент – Кирил Јованов – Нико

Во јуни минатата година првиот човек на Реал аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ го промовираше Гоцев во носител на мајсторски појас (црн) трети дан.

Ова е признание за работата што ја вложува Гоцев во последните години која дава резултат на промовирањето и развивањето на оваа вештина.

Во април нови тренери кои се стекнаа со лиценци се: Оливер Серафимов и Љупка Јорданова.

Со мајсторски-црн појас 1-ви дан се стекнаа Анѓа Гицова, Оливер Серафимов и Љупка Јорданова, а со 2-ри дан Станче Минов, Кирил Јованов и Кирил Апостолов.

На 27 мај оваа година Гоцев беше дел од инструкторкста екипа на семинарот „Битола опен“ во Битола во организација на Аикидо федерацијата на Македонија.

Инаку со семинарот раководеа Ана Врачаревиќ од Србија носител на мајсторски појас 9 дан, Ѓуро Илиќ (8 дан), Дејан Чавковски (5 дан), Николчо Гоцев (3 дан) и Љубе Грданов (3 дан) од Македонија.

Претходно, за мајските празници гоиднава, Македонија на семинарот во близина на Пирот, Србија, во прекрасниот амбиент на манастирот Пресвета Богородица во Суков, ја претставуваа Ѓуро Илиќ носител на мајсторски појас 8 дан, кој беше дел од инструкторксиот тим, заедно со Дејан Чавковски 5-дан, Николчо Гоцев 3 дан и Александар Лозановски 1 дан.

Видео: РадиоКочани.мк

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО