Кличко за Усик-Фјури: Бруталната сила не го победува талентот

Легендарниот Владимир Кличко веруваше дека неговиот сонародник ќе се снајде со Тајсон Фјури. Се покажа дека Кличко бил во право затоа што Александар Усик успеа да го победи Фјури со одлука на судиите во Саудиска Арабија. Така Усик ја освои неприкосновената титула во тешка категорија и го напиша своето име со златни букви во боксот.

Но, што можеше да му донесе победа на Усик? Многумина веруваа дека Тајсон ќе победи бидејќи ги имаше сите предности пред Украинецот. Сепак, Кличко истакна една работа која Фјури ја нема, а Усик ја има. Владимир мисли дека Усик е поталентиран, а талентот ја победува бруталната сила:

„Сам се борев со Тајсон, така што многу добро знам колку опасен и подол боксер може да биде. Висината, тежината и распонот на рацете му одат во прилог, но јас ќе ви кажам нешто друго. Речиси и нема боксер на светот кој е технички надарен како Александар Усик. А токму оваа техника ги решава натпреварите. Очигледно висината и тежината се важни во боксот, но верувам дека техниката е најважниот аспект.

Погледнете го Ентони Џошуа. Ми се допаѓа типот, но двапати по ред не можеше да најде рецепт за Усик. Сигурно имаше предност по силата, беше поголем и потежок, но технички Усик го надмина. Суровата сила тешко го победува талентот“, рече Кличко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klitschko (@klitschko)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО