Владимир Кличко се мотивира со можноста да ги врати светските титули, а не со парите. Ова го објави Украинецот на сопствениот интернет сајт. Ветеранот ќе боксира со Ентони Џошуа (Англија) на 29 април во Лондон – Англија.
„Не е правилно да ставам парите на прво место. Живеам и горам за следниот меч. Сакам по третпат дџа стнам светски шампион“, изјави Кличко.
Ова ќе биде прва средба за помалиот од украинските браќа од крајот на 2015 година. Тогаш ги загуби шампионските титули во битката со Тајсон Фјури.
https://youtu.be/f9dwuR4zXoU