Владимир Кличко ќе ја објави својата одлука дали ќе се бори во реванш меч со Ентони Џошуа во почетокот на јуни. Ова го објави неговиот менаџер Бернд Бонте. Во моментов Украинецот со своето семејство е на одмор во Флорида.
„По средбата седевме во соблекувалната, а Владимир беше многу разочаран. Знаеше дека беше блиску до победата. Уште 3-4 удари во шестата или седмата рунда и требаше се да завршат. Сега има време да размисли дали има желба да помине уште три месеци во тренинг камп. Сето тоа зависи од него. Одлуката ќе биде донесена најдоцна во почетокот на јуни. Може и пред тоа. Другата опција пред него е да ја прекине кариерата“.
Бонте додаде дека ако има реванш, тој нема да биде во Германија од финансиски причини.
https://youtu.be/ubz7rNylreo
.