Градоначалникот на Киев Витали Кличко даде уште едно емотивно интервју. Во петокот наутро изврши увид во некои од уништените згради во главниот град на Украина и изјави за ITV News дека тој и луѓето околу него никогаш нема да се предадат и дека повеќе би сакале да умрат отколку да дозволат руските војници да го окупираат градот.
Поранешниот светски шампион зборува пред урнатините на блок.
„Русите имаа планови да го окупираат Киев. Тоа требаше да се случи пред три недели. Но, нашата армија ги уништи тие планови. Русите, како градоначалник ви велам, вам и на сите други: Русите никогаш, апсолутно никогаш нема да го заземат Киев. Подобро е да умреме отколку да ви го дадеме нашиот град“, избувна Витали Кличко.
Руската инвазија на Украина трае веќе три недели. Бројот на жртви, ранети и повредени продолжува да расте, а многу спортисти се приклучија на одбраната на различни градови во земјата. Покрај браќата Кличко, тука се и боксерските шампиони како Александар Усик и Васили Ломаченко.