Кличко размислува за враќање по понудените 40 милиони долари

Стриминг компанијата ДАЗН му предложила на Владимир Кличко договор на 40 милиони долари, за да се врати на рингот.

Според овој договор, Кличко треба да одржи три меча, првиот да е во Германија против противник од топ 10, а вториот и третиот дуел да се на стадионот „Вембли“ во Лондон против домашните боксери – Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Како прилог на овие 40 милиони, Кличко ќе добие и процент од платените гелдања на вториот и третиот меч.

Има и клаузула во која се вели дека секој нареден меч ќе се одржи само при победа во претходниот.

Сосема е можно трите битки да се одржат во 2019 година – во мај, септември и декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО