Камару Усман со победата над Вудли собори неклоку рекорди

Првиот првак на УФЦ од Африка Камару Усман (15-1, 10-0 УФЦ) успеа да го порази Тајрон Вудли на доминантен начин и да ја освои титулата во полусердна категорија.

Во својата десетта борба за најмоќната светска ММА промоција 31-годишниот „Нигериски кошмар“ целосно доминираше против Тајрон Вудли во неговата пета одбрана на титулата првак во велтер и го победи со убедлива едногласна одлука.

Притоа собори неколку рекорди.

192 удари во телото што ги пласираше против Вудли се рекорд за една борба на УФЦ.

Усман имал разлика во ударите од +276 во негова корист (336-60), што е најголема разлика во историјата на борбите за појас на УФЦ.

Вкупно 336 зададени удари е втор најголем број во борба на УФЦ.

Усман е роден во Аучија, Нигерија, во 1987 година. Како дете со родителите се преселил во Арлингтон, Тексас, каде што почнала да се бори во средно училиште.

2015 го освои Ултимејт фајтер и моментално е во низа од 14 победи, вклучувајќи и 10 во УФЦ.

Единствениот пораз го доживеал во својата втора борба во 2013 година.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО