Џошуа: Кога ќе ја завршам кариерата ќе бидам сосема поинаков од Ленокс Луис и ќе ширам позитива

Ленокс Луис е најгласниот критичар на Ентони Џошуа.

Последните неприкосновен шампион во тешка категорија ги обвинува својот сонародник за неуспехот во преговорите за борбата со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, а верува дека ЕЏ избегнува борба со Американецот и Тајсон Фјури.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, прокоментира дека поранешниот шампион само е љубоморен на новата бокс ѕвезда која ги полни фудбалските стадиони во Велика Британија.

Самиот Џошуа прв пат проговори на оваа тема и рече дека кога ќе помине неговото време поинаку ќе се однесува.

„Искрено, не сум ги видел, но, од она што го слушам, тој нема ништо позитивно да каже. Неговите изјави не се извадени од контекст, бидејќи се снимени со камера. Но, кога ќе се сретнете со некој лице в лице, тие немаат истото мислење како пред вклучени камери. Да се ​​сретнеме лице в лице, веројатно се би било поинаку“, изјави Џошуа за ИФЛ ТВ.

„Јас кога ќе завршам со боксот сакам да зборувам само убави, позитивни работи за другите тешкаши кои ги соборуваат моите рекорди, кои постигнуваат поголем успеси од мене и тргнуваат по својот пат во боксот. Јас нема да го следам патот на Ленокс Луис, но ни Вајлдер или Фјури или Поветкин или Владимир, исто така, не скаат или не го следеа неговиот пат. По мое мислење, тој си ја работеше својата работа и тоа беше добро за него, јас имам свое и она што е добро за мене. Би требало да покаже почит заради тоа, а не да биде завидлив. Не сакам сакам да кажам љубоморен“.

„Јас кога ќе завршам сакам да ширам позитива, да покажам почит кон новите деца ако им оди добро без разлика на тоа по кој пат одат. Ако и треба мојата поддршка ќе биде тука, ништо повеќе, ништо помалку“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО