Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко, истакна дека засега не размислува за завршување на кариерата. Украинецот ја започна својата кариера на професионалниот ринг во 1996 година, до моментот има 67 меча и 64 победи (53 со нокаут) и 3 порази, а последниот негов пораз е во април 2004 година.
„Постојано ми го поставуваат ова прашање две-три години. Разбирам дека мојата кариера не е вечна. Но сега едноставно се насладувам на боксот“, изјави Кличко.
https://youtu.be/0jQQ_g5qKvs