Кличко: По мечот на Пулев ќе му кажам нешто многу важно, само да не ја пропушти прес-конференцијата

Klicko so pojasi sam

Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличк0, кој ќе ја брани титулата против Кубрат Пулев, го повика Бугаринот да не ја пропушта прес-конференцијата по нивниот меч во Хамбург. Украинскиот боксер за ТВ Нова изјава дека имал нешто важно да каже по средбата.

„Кубрат Пулев се жали? Нема да коментирам што рекол, бидејќи тој го користи тоа како оправдување. Дејвид Хеј го правеше истото. Очигледно, и тој оди по неговите стапки. Така беше со онаа пчелата, која го каснала Хеј. Значи, прашањата за допинг, за непојавувањето на прес-конференцијата и проблемот со ракавиците се само дел од овие оправдувања. И покрај сето тоа, јас го почитувам Пулев и сметам дека тој заслужува да биде тука. Не треба да пропушта прес-конференцијата по средбата, бидејќи имам нешто многу важно да му кажам“, истакна доверливо олимпискиот шампион од Атланта 1996 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON