Кличко: Парите не се одлучувачкиот фактор за да има реванш со Џошуа!

Украинската легенда Владимир Кличко раскажа за мотивацијата, принципите во животот и го сподели своето мислење за евентуалниот реванш против Британецот Ентони Џошуа.

„Моето мото во спортот е многу едноставно: Неуспехот не е опција, поразот не е опција! Пораката е јасна:„Секогаш сакам да победувам“, изјави Владимир Кличко во интервју за Финанцен.

„Сега разбирам, неуспехот е целосно можна опција. Секој се соочува со пречки во кариерата. Успесите ме кренаа, но всушност пораснав од неуспесите“.

„Не се чувствувам како губитник во мечот против Ентони Џошуа, само затоа што ја изгубив битката. По ниту еден од претходните порази не добив повеќе од оваа борба. Неверојатно е колку многу почит и признание ми донесе оваа средба“, додаде Кличко.

Што се однесува до реваншот со британскиот боксер, според Кличко, големиот хонорар, на кој се потпира промотор на Џошуа, Еди Херн, за него не е главниот мотив.

„Дуелот помеѓу мене и Ентони Џошуа беше организиран од K2 промоушнс и компанијата на Еди Херн – Мечрум промоушнс. Нема да ги коментирам бројките. Тоа е само бизнис,, ништо повеќе ништо помалку. Парите никогаш не биле главната мотивација за мене. Само сакам да победам! Парите се само потврда на успехот. Ако одлучам да се борам со Џошуа, не е точно дека парите ќе бидат одлучувачки фактор во овој случај, туку нешто друго“, додаде Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО