Кличко: Огромното его ме мотивира

vladimir-klichko-molitva

Пред големата пресметка меѓу светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко и предизвикувачот Тајсон Фјури (Велика Британија), Украинецот ја направи уште поинтересна. Говорејќи пред мечот, 39-годишниот Кличко изјави дека тајната не неговите успеси се крие во психолошката подготвеност и огромното его.

„Дефинитивно имам големо его и токму тоа ми ја дава потребната мотивација. Благодарение на него, затоа толку години сум шампион. Според мене, токму егото е во основата на секоја успешна личност“, изјави светскиот шампион.

Кличко и Фјури ќе се сретнат вечерва во Дизелдорф во борба за четирите шампионски појаси на Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО