Владимир Кличко изјави дека планира да има уште неколку „големи, спектакуларни натпревари“ пред да стави крај на кариерата.
„Ќе има уште неколку големи, спектакуларни борби со мое учество на рингот. Досега не сум размислувал за напуштање, вклучувајќи по поразот од Тајсон Фјури. Додека можам да се борам и сум здрав, ќе продолжам да се натпреварувам”, рече уште Украинецот.
Кличко не се борел од ноември минатата година и најверојатно нема да стапне во рингот барем до март-април следната година.