Клариса Шилдс профи дебито ќе го има на 19 ноември

klarisa-shilds-pozira

Една од најголемите ѕвезди во професионалниот бокс, Кларис Шилдс (САД), ќе го направи професионалното деби на 19 ноември во Лас Вегас.

Двократната олимписка шампионка во категоријата до 75 кг ќе го загрева супердербито во лесно-тешка категорија Сергеј Ковалев – Андре Ворд.

Се уште не е јасно која ќе и биде противничка на Шилдс. Таа ќе боксира во 4 рунди во средна категорија. Шилдс е најпопуларната боксерката во САД и се смета дека може да ги надмине постигнувањата на Лејла Али. Американката ги освои олимписките титули во Лондон и Рио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО