Кличко: Мејведер ќе се врати во рингот

Klicko za Mejveder

Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, призна оти ја разбира одлуката на Американецот Флојд Мејведер да ја заврши кариерата. Но, Кличко смета дека Мејведер ќе се врати на рингот барем уште еднаш по 49-те победи во 49 натпревари.

„Мислам дека тој ќе се врати на рингот и тоа само за уште еден меч. Тој има шанса да направи престижен резултат: 50 победи во 50 борби. Понекогаш спортистите нервираат. Тоа го видовме на „Опен САД“ во тенис со Серена Вилијамс. Постои многу тензија, кога правиш историски чекор. Затоа јас од една страна го разбирам Флојд. Но, од друга страна, сметам дека тој не ја завршил кариерата. Претпоставувам дека тој ќе се бори барем уште еден меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО