Кличко: Колку е повжештена атмосферата во Манчестер толку е подобро

Klicko i gro plan

Владимир Кличко (64-4, 53 КО) вели дека е многу мотивиран за новата борба со Тајсон Фјури (25-0, 18 КО).

Тоа што борбата не се одржува во Германија не го смета за релевантен фактор.

Во првиот меч Фјури го победи Кличко во Дизелдорф. Му го нанесе првиот пораз по повеќе од 10 години и му ги зеде појаситеод ВБО, ИБО, ИБФ и ВБА. Реваншот ќе се одржи на 9 јули во Манчестер Арена.

„Фактот дека ние ќе се бориме во Манчестер не влијае на мене. Ако салата е против мене, ќе ме мотивира уште повеќе да постигнам успех. Колку е повжештена атмосферата толку е подобро. Се радувам на вжештувањето“.

Манчестер Арената може да прими 21 илјада гледачи. Огромното мнозинство ќе биде со домашниот боксер. Влогот во средбата ќе бидат појасите на ВБА, ВБО и ИБО, бидејќи ИБФ му ја одзеде титулата на Фјури за кратко време по првата борба, затоа што одлучи да го испочитува договорот за реванш со Украинецот, наместо да ја прифати борбата со задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Гласков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО