Кличко: Ќе му одржам лекција на Тајсон Фјури!

klicko -fjuri poz

Очигледно е дека светскиот шампион, Владимир Кличко, веќе е изморен од постојаните навреди и закани од страна на неговиот противник, Тајсон Фјури. Затоа вети дека ќе му даде лекција во рингот.

 „Потценување на противникот е најголемата грешка во боксот. Го почитувам тајсон Фјури, бидејќи е непобеден и амбициозен. Но, понекогаш кажува работи за кои ќе жали. Во извесна смисла, тоа ќе биде терапија. Тој ќе биде поставен на место каде што припаѓа. Сето тоа ќе биде лекција за него, која, се надевам, ќе ја научи.

Горе-долу ситуацијата е како со Дејвид Хеј. Пред борбата и зборуваше многу, но со мојот бокс го направив подобар човек“.

Двајцата боксери ќе се сретнат на 28 ноември во Дизелдорф, Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО