Кличко и Џошуа може да се сретнат пролетта или летото 2017 година?

entoni-dzosua-pred-medi

Откако Тајсон Фјури по втор пат го одложи реванш мечот со Владимир Кличко во тешка категорија, се отворија други можности за возбудливи дуели во дивзијата.

Една од можностите е Владимир Кличко да се соочи со некој друг од светските шампиони во категоријата, како Ентони Џошуа.

Уште во саботата наутро, кога стана јасно дека Фјури нема да може да излезе на рингот, промоторот на Џошуа, Еди Херн, стапи во контакт со менаџерот на Украинецот, Бернд Бонте, и разговарале за евентуален дуел.

„На нив им се допаѓа идејата за средба со Џошуа. Исто така, сакаме меч со Кличко“, изјави Еди Херн.

На 26 ноември Британецот ќе има нова одбрана на титулата, а во оваа фаза тој се уште нема противник. Сепак, средбата со Кличко тешко дека ќе може да се случи толку бргу.

„Не мислам дека тие би сакале да бидат доброволни предизвикувачи за титулата на ИБФ. Ова ги става во послаба позиција во преговорите“, објасни Херн и додаде: „Верувам дека ќе му бидат одземени титулите на Фјури. Сега сите останати во категоријата ќе станат како пирани додека Тајсон Фјури ќе води правна битка за да ги задржи појасите. Ќе биде потребно време за тоа. Ќе биде лесно да се направи договор со Бернд Бонте, но треба да ја имаме во предвид и целата политика околу нас. Имам чувство дека сличен натпревар може да стане факт на пролет или лето на 2017 година, додека се соочиме со Џозеф Паркер на 26 ноември. Разговарав со Џошуа и тој е подготвен да го направи тоа“.

„Се уште е премногу рано, но мислам дека Ентони ќе го победи Кличко. Тој изгледаше ужасно на последниот меч. Не знаеме дали тоа беше зашто Фјури се претстави брилијантно или бидејќи тој веќе ја завршува кариерата? Мислам дека и двете работи се точни. Мислам дека Кличко заврши со боксот. Но тој се уште е многу добар боксер. Не станува збор толку за моќта и силата, колку за искуството. Единствено тоа ме загрижува во случајов“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON