ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер и задолжителниот предизвикувач Александар Поветкив уште не го одредија датумот за борбата.
Наскоро, двајцата имаат закажано борби, со тоа што Русинот ќе се бори против многу поопасен противник, Мариуш Вах, додека Американецот ќе ја брани титулата против Французинот Духаупаса.
Ако некогаш дојде до нивно соочување, вистинскиот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, вели дека ќе биде тешко да се избере победникот.
Украинецот ги познава и двајцата. Поветкин го победи во 2013 година, додека на Вајлдер му беше домаќин во неговиот тренинг камп.
„Тоа ќе биде многу забавна борба. Дефинитивно мислам дека Поветкин има капацитет за победа, но до победа може да дојде и Дионтеј“.
„Поветкин во некои од своите борби не изгледаше импресивно, но има и неверојатно искуство од аматерските денови. Дефинитивно се поправи по поразот од мене. Дефинитивно е подобар. Дури, мислам дека мојата борба со Поветкин денес би изгледала сосема поинаку”, изјави Кличко.
Во речиси две години од пораз против Кличко, Поветкин нанижа од три нокаути – против Мануел Чар во 7-та рунда, Карлос Такама во 10-тата и Мајк Перез на почетокот на првата рунда.
По освојувањето на титулата против Бермејн Стиворн и првата одбрана против Ерик Молин, „Бронзениот бомбардер“, ќе се соочи со уште еден пониско рангиран противник.
Украинецот смета дека Вајлдер е многу талентиран и затоа е неодлучен во изборот на победникот од нивниот меч.