Кличко: Борбата Мејведер – Мек Грегор беше добра за боксот

Владимир Кличко настапува на Алфред Данхил првенството во Шкотска.

Една е од многуте славни личности кои играат на овој турнир кој е отворен за професионалци и аматери.

Украинцот почнаа да игра голф по поразот од Корри Сандерс во борбата за ВБО титулата во 2003 година.

Покојниот Јужноафриканец со нокаут приреди големо изненадување, а по поразот „Д-р Стилхамер“ одлучи да го простудира однесувањето на својот противник. Сандерс во тоа време полупрофесионално играше голф, тогаш и Кличко почна да игра.

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија го прокоментира мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Смета дека борбата која предизвика голем интерес и гледачите кои не го следат боксот и воопшто боречките спортови, а за која поранешниот шампион се врати од пензија и со леснотија ја совлада најголемата ММА ѕвезда била добра работа за боксот.

„Мислам дека тоа беше одлична работа за боксот, настапот на ММА борец во боксерскиот ринг, иако немаше некои шанси според правилата на боксот. Истото би било и Мејведер да се бори во кафезот, би имал мали шанси за победа. Мислам дека тоа беше добра работа за боксот затоа што борбата предизвика огромен интерес во светот“.

Кличко е сопственик на К2 промоцијата која ја води кариерата на Генадиј Головкин. Ја прокоментира борбата без победник против Канело.

„Никој не очекуваше дека борбата ќе оди до крај. Мислев дека Генади е во предност, но во принцип тоа е секогаш така кога ќе немате јасен победник, навивачите ги поставуваат истите прашања. Борбата може да отиде во којабило насока, бидејќи понекогаш луѓето глењдаат на работите поинаку“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON