Дарион Колдвел е новиот шампион на Белатор (ВИДЕО)

Белатор има нов шампион во бантам категорија, а тоа е брилијантниот Дарион Колдвел, борец кој ја искористи малата отспатпка на Белатор во речиси одличната кариера и дојде до титулата.

Ниту за момент немаше сомневање дека Дарион Колдвел е феноменален борец кој има потенцијал да направи големи работи. Белатор од почетокот го знаеше тоа, квалитетно го промовираше во ѕвезда на промоцијата и направи помалку неспортски, но деловно паметна отстапка по неговиот неочекуван прв пораз во кариерата. Колдвел им врати со неверојатна доминантна претстава во борбата за првак.

Едуардо Дантас е долгогодишна ѕвезда на Белатор, борец кој настапува само против најдобрите и кој два пати ја освојуваше титулата и успешно ја држеше некое време. Тоа борец кој никој не успеа да го издоминира, се додека не дојде Колдвел. Брзина, експлозивност и совршениот тајминг на Колдвел, со веќе познатото борење на највисоко ниво, беа нешта на кои Дантас не најде одговор. Колдвел повторно го имаше стариот проблем што не успеа да ја заврши борбата, но настапаот беше доминантен. Сега е на врвот, а просторот за напредок има и веруваме дека во својата прва одбрана на титулата ќе биде уште подобар.

Двајца поранешни шампиони настапија во главната програма, но е и единствениот борец кој Колдвел успеа да го совлада, Џо Таимангло. Сепак, Таимангло не успеа да му парира на претходиот предизвикувач, Леандро Иго, кој славеше со одлука на судиите и се приближи до нов напад на титулата, до која веројатна му недостасува значајна победа. Пат Карен се врати по година ипол и го победи Џо Macapa, со што поранешниот шампион во перолесна категорија е на скор 23-7, додека неговиот поранешен двократен противник, Даниел Штраус е поразен од Емануел Санчез. По губењето на титулата, малку порано оваа година, на Штраус ова му е втор пораз во серија и е во таква ситуација е за прв пат во кариерата.

Белатор 184 – Резултати

Дарион Колдвел – Едуардо Дантас – едногласна судиска одлука
Емануел Санчез – Даниел Штраус – Саб (R3 1:56)
Пет Курен – Џон Тешеира – едногласна судиска одлука
Леонардо Иго – Џо Таимангло – едногласна судиска одлука

Мани Муро – Емануел Ривера – едногласна судиска одлука
Шон Холден – Шакир Меккилип ТКО (Р2 4:39)
Карингтон Бенкс – Стив Кареи – едногласна судиска одлука
Шанса Ренконтер – Џастин Патерсон – Поб (Р1 2:58)
Тиган Дули – ДеМаркус Симонс – Саб (Р2 2:12)
Вестн Вилсон – Л.Ј. Хермек – Саб (R2 0:55)
Кендал Карнахан – Даниел Кери – едногласна судска одлука

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО