Клариса Шилдс потпиша долгорочен договор со ПФЛ

Боксерската ѕвезда Клариса Шилдс потпиша повеќегодишен ММА договор со ПФЛ.

Шилдс, која важи за број 1 во женскиот бокс, се враќа во ММА во 2024 година. Шилдс (28) потпиша нов долгорочен договор со ПФЛ. Веста ја сподели организацијата ММА, како и Шилдс.

Неприкосновената боксерска шампионка во средна категорија го имаше своето деби во ПФЛ во 2021 година и забележа 1 победа и 1 пораз во нејзините две ММА борби.

„Мојата цел останува непроменета. Ќе бидам првиот спортист кој истовремено ќе има титули во бокс и ММА.

Пораснав толку многу од мојата прва ММА борба и едвај чекам да ги покажам моите вештини“, напиша Шилдс на социјалните мрежи.

Клариса го доби дебито во ММА со TKO во 2021 година. Таа ја загуби втората борба со поделена одлука кон крајот на 2021 година. По двете ММА борби Шилдс се врати во рингот и ги бранеше титулите во средна категорија 3 пати во 16 месеци.

ЕСПН ја прогласи Шилдс (14-0, 2 КО) за најдобра боксерка на планетата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON