Федор Емелијаненко го предизвика Мајк Тајсон на боксерски меч

Најголемата ММА легенда во тешка категорија, Федор Емелијаненко, го предизвика еден од најголемите во историјата на боксот.

„Последниот император“ му кажа на Ариел Хелвани дека сака бокс меч со Мајк Тајсон. Федор откри дека целосно завршил со мешаните боречки вештини, но е подготвен за боксерски натпревари. Емелијаненко сака да се бори со Тајсон на 28 октомври во Саудиска Арабија.

На тој датум ќе има голема боксерска гала. Ќе го предводат Тајсон Фјури и Френсис Нгану. Фeдор сака да има битка со „Железниot Majk“ на гала вечерта. Ова дефинитивно ќе биде борба која многу луѓе ќе сакаат да ја видат.

Емелијаненко беше шампион во тешка категорија na Прјад од 2003 година до затворањето на организацијата во 2007 година. Тој е четирикратен светски шампион во борбено самбо и двократен руски национален бронзен медалист во џудо. Федор се натпреваруваше во Рингс, Страјкфорс, М-1 Глобал, Ризин и Белатор и се смета за најпознатиот борец кој никогаш не се натпреварувал во УФЦ (Ultimate Fighting Championship)

Во својата ММА кариера Федор забележа 40 победи, 7 порази и 1 неуспешна борба. Во февруари оваа година се бореше за титулата во тешка категорија, но загуби со нокаут од Рајан Бадер. Тоа беше и последната борба во неговата легендарна ММА кариера.

Мајк Тајсон се смета за еден од најголемите боксери во тешка категорија на сите времиња. Тој владееше како неприкосновен светски шампион во тешка категорија од 1987 до 1990 година. Освојувајќи го првиот појас на 20 години, четири месеци и 22 дена, Тајсон го држи рекордот како најмлад боксер кој освоил титула во тешка категорија.

Тој беше првиот боксер во тешка категорија кој ги освои титулите ВБА, ВБЦ и ИБФ во исто време и единствениот боксер во тешка категорија кој ги држеше последователно. Во својата професионална кариера Мајк забележа скор од 50-6-2 во рингот, при што 44 од победите беа со нокаут.

Кон крајот на 2020 година Тајсон излезе од пензија за да се бори со Рој Џонс. Нивната борба беше егзебициска, која траеше 8 рунди и не донесе победник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО