Клариса Шилдс е најмоќната жена во боксот (ВИДЕО)

Двократната олимписка победничка Клариса Шилдс (9-0, 2 КО) ги обедини титулите на светски шампион во средна категорија.

24-годишната ВБА, ВБЦ и ИБФ шампионка во Атлантик Сити со едногласна одлука ја победи првенката на ВБО, Кристина Хамер (24-1-1 НЦ, 11 КО) и и го нанесе првиот пораз во кариерата.

Американката за малку ја нокутира Хамер во осмата рунда, но се задоволи со победа со едногласна одлука во која сите тројца судии и дадоа 8 од 10 рунди.

Шилдс е единствената жена покрај Сесилија Браекхус која ги држи појасите на сите најголеми федерации.

https://youtu.be/b5cBBq9VT_g

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО