Ќе го гледаме ли конечно мечот на кој љубителите на боксот со години повикуваат? Саудијците го сакаат тој меч, тие се многу заинтересирани.

Фантастичниот руски боксер Дмитри Бивол (21-0) викендов по 11-ти пат во кариерата ќе ја брани титулата на ВБА во полутешка категорија (-79,3 кг).

Бивол уште во 2017 година стана привремен светски првак, подоцна се промовираше во шампион, а во ноември 2017 година влезе во првата одбрана на светската титула. Викендов Линдон Артур (23-1-0) го чека на боксерски спектакл во Саудиска Арабија.

Линдон Артур е добар боксер, но сите ќе се согласат дека не припаѓа на самиот врв. ВБА го држи на осмото место на листата на предизвикувачи, а ова е и најдобар пласман за Артур кога се во прашање четирите чадор светски боксерски организации.

Според Боксрец, Артур е „само“ 14. полутешкаш во светот, а Дмитри Бивол според многумина е еден од најдобрите боксери во светот. Може да се претпостави дека Бивол рутински ќе го победи Артур, а потоа треба да се сврти кон најинтересниот меч во полутешка категорија.

Се работи за борбата меѓу Бивол и Артур Бетербиев (19-0). Исто како Бивол, и Артур Бетербиев е непоразен. Сепак, Бетербиев е многу поистакнат нокаутер, бидејќи сите 19 негови победи беа со нокаут. Тој е сопственик на светските титули ВБЦ, ИБФ и ВБО, а победникот од мечот меѓу него и Биволо би ги обединил светските титули.

Иако и двајцата имаат светски титули долги години, допрва треба да бидеме сведоци на нивната пресметка. Сепак, според Дмитри Бивол, тоа наскоро би можело да се промени.

„Кога го потпишавме договорот за мечот против Линдон Артур, разговаравме и за борба против Бетербиев. Саудијците се многу заинтересирани и навистина го сакаат тој меч. Ни кажаа дека сакаат да ја договорат таа борба. Знам дека и Бетербиев го сака тој меч. Верувам дека како возрасен кој е долго време во боксот, тој исто така разбира зошто не го одработивме мечот порано. Иисто така разбира дека би можеле да ја договориме борбата во соработка со Саудијците. Претходно не виде кој може да го организира тој меч. Го замолив менаџерот да ми го организира тој натпревар, но ми рече: „Не знам кои промотори би сакале да ја организираат таа борба, бидејќи ти и Бетербиев не сте доволно популарни. Ти имаш договор со Мечрум, а тој со Топ ранг, тешко е да се договори меч’. Но, сега Саудијците се тука, а Боб Арум (Топ ранг) исто така ми кажа дека можеме да организираме натпревар со помош на Саудијците“, додаде Бивол.

Саудиските инвеститори вршат одлична работа во боксот досега. Приредуваат фантастични настани и подготвени се да ни ги понудат сите оние натпревари на кои повикуваме со години. Борбата помеѓу Бивол и Бетербиев е најдоброто што може да го понуди боксот во моментов, но Бивол треба прво да го победи Артур, додека Бетербиев се бори со Калум Смит во јануари. Ако и двајцата победат, Саудијците се на потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО