Френк Ворен не би бил изненаден доколку Џошуа или Вајлдер загубат, а можеби и двајцата

Поранешните светски шампиони Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер ќе се натпреваруваат на голем настан во Саудиска Арабија во сабота, при што Еј Џеј ќе се соочи со Ото Валин, додека Бронзениот бомбардер ќе се соочи со Џозеф Паркер.

А ако и двајцата победат, на што се надеваат нивните фанови, пред се промотори и менаџери, тогаш во март треба да се соочат во рингот.

Но, промоторот Френк Ворен открива дека не би било изненадување ако еден или двајцата од поранешните шампиони загубат во саботните натпревари.

„Валин изгледа многу самоуверено, но и Еј Џеј. За Џошуа, тоа е меч „да се биде или не“. Не знаеме со што друго располага и дали може да заслужи место на победничката маса“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Истото важи и за Вајлдер, кој практично е без борба веќе две години. Тој имаше една борба која одеше во една рунда, а Џо Паркер имаше три борби само оваа година. Во последната борба победи на одличен начин“.

Ворен истакна дека тренерот на Паркер, Тајсон Фјури, е единствениот човек кој двапати го победил Дионтеј Вајлдер.

„Џо Паркер тренира со Тајсон Фјури и тој сигурно ќе му даде многу совети како да се бори со Вајлдер. Знам како еднаш ми рекоа: „Не дозволувај само да те удира 36 минути, бидејќи тој е одличен удирач со тупаници“, истакна Френк Ворен, додавајќи дека се уште се надева дека Џошуа и Вајлдер еден ден ќе се борат меѓу себе:

„Се надевам дека во иднина ќе се борат меѓу себе, но прво треба да поминат низ две многу тешки борби. Несомнено е дека Валин и Паркер добро се подготвија за своите мечеви, бидејќи чувствуваат дека имаат шанси и можат да победат. А доколку победат, следната година ги очекуваат уште поголеми битки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО