Кишoн Дејвис го нокаутира Денис Беринчик за светската титула на ВБО

Кишон Дејвис (13-0-1) е новиот светски шампион на ВБО во лесна категорија, откако го нокаутира Денис Беринчик (19-1) во само четири рунди во нивната пресметка во Њујорк.

25-годишниот Американец јасно ја демонстрира штетата што може да ја нанесе борецот ако првенствено го нападне телото на противникот. Токму по лево кроше во ребрата, Беринчик беше соборен на подот и не можеше да здивне на време за да го продолжи натпреварувањето.

Сребрениот медалист од Игрите во Токио се стреми кон светска слава и кај професионалците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON