Кирил Иванов и Иван Никшиќ ќе ги барнат боите на Македонија на Европското првенство за сениори во џиу џицу во Бања Лука, Босна и Херцеговина, на 3 и 4 јуни.
Иванов ќе настапи во фајт систем, а Никшиќ во не-ваза. Екипта ќе ја води тренерот Александар Ацевски, додека Виктор Велинов ќе суди на ЕП.
Од друга страна, претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски, ќе го искористи шампионатот за уште едан средба со претседателот на Светската џиу џица федерација, Панајодис Теодоропулос, за Балканското првенство во 2018 година во Скопје.
Две недели подоцна натпреварувачи од нашите клубови повторно ќе патуваат за Бања Лука, но овој пат на меѓународен џиу џицу турнир.
Ipon.mk/В.Д.