Кипар ќе биде домаќин на Европското првенство во самбо

Годинашново Европско првенство во машка и женска конкуренција во самбо ќе се одржи од 12 до 17 мај во Лимасол, Кипар.

Извршниот комитет на Европската самбо федерација излезе со ваква одлука по последниот состанок. Паралелно, ќе се одржи и Европскиот за јуниори и млади.

Федерацијата исто така објави дека сите учесници ќе треба да достават негативен тест за Ковид-19, што ќе се направи во последните 72 часа. Сите самбо борачи ќе бидат сместени во „санитарен балон“ и изолирани со цел да се намали контактот и ширењето на вирусот.

Исто така е јасно дека Европскиот куп и Европското првенство за кадети ќе бидат преместени во декември. Европскиот куп ќе се одржи во Романија од 10 до 14 декември, додека јуниорското натпреварување е закажано од 17 до 20 декември во Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON