Хабиб тврди дека има покани од Милан и Ал Васал

Непоразениот шампион во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов доби понуди од најголемите фудбалски тимови. „Орелот“ покажа видео во кое легендата на фудбалот Златан Ибрахимовиќ го инспирира пред неговата борба со Џастин Гејџи на крајот на 2020 година.

Ибрахимовиќ го покани Хабиб да игра во Милано, а непоразената ѕвезда откри дека добил понуди од Фенербахче и Ал Васал. Нурмагомедов тврди дека веќе му е здодевно од ММА и сака вистински предизвик на фудбалскиот терен.

Тој е голем љубител на фудбалот и последните недели доби неколку дресови од познати играчи. Пред некое време, тим од пониските лиги во Русија му понуди договор.

Хабиб објави дека се повлекува од ММА кон крајот на 2020 година, но Дана Вајт продолжи да го брка за да направи барем уште една борба во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО