Кикбосерот Александар Димовски-Димса: БК Пелистер ми е во срцето, а одам на медал од СП во Белград! (ВИДЕО)

dimsa)

Александар Димовски – Димса (1982) е атрактивен кикбоксер, македонски репрезентативец, кој делува надмоќно во рингот. Досега има осум борби, при што заблежал седум победи и еден пораз. На македонската кикбокс сцена е многу успешен, а очекува големи резултати и на светските и европските првенства. Ги очекуваме неговите настапи во професионалните води, за кои Димса има големи очекувања.

 На меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ прикажа тактички зрела борба со еден доста незгоден противник, кој очигледно одеше на класичен боксерски нокаут. Тогаш рече дека тактички се бореше и поради повреда. Дали ја санираше повредата? И,како гледаш на борбата откако легнаа работите?

-Па, Tурчинот го доби мојот респект. Факт е дека тој не беше противник од висок калибар. Стилот на борба му беше таков да изгледа како да оди на нокаут со еден удар. Впрочем, со таа висина и конституција, нели, не ни можеше поинаку. Повредата се уште е тука и ми задава проблеми при секој тренинг. Но, пополека се обидувам да ја залечам и да продолжам понатаму. Борбата ја одработив тактички како и што имав замислено, со некои пропусти, кои, најверојатно, подсвесно, заради самата повреда ги направив. Оваа година, како што кажав и предходно, планирам да бидам доста активен, но прво да ја санирам 100 отсто повредата.

Dimsa i volk prilep

Може ли да очекуваме медал од Светското првенство?

-Што се однесува до Светското првенство во Белград, ако даде Господ да бидам здрав и се подготвам максимално, зошто да не очекувам и медал!?

 До сега, кој меч ти бил најнеизвесен и која победа ти е најдрага?

-Најнеизвесна борба ми беше онаа во Битола, на предходниот меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ против Мирослав Вујовиќ, која исто така ја добив на поени, иако доминирав во текот на борбата и излегував како победник од секоја размена на удари, но примив доста силен хај-кик и паднав во нокдаун. Меѓутоа, го издржав ударот и продолжив понатаму. Ја добив борбата на поени.

Dimsa so ekipata

 Колку е популарен кик боксот во Битола?

-Во последните неколку години кикбоксот во Битола зема силен замав и станува се попопуларен.

 Колку години тренираш кик бокс и кој те воведе во овој спорт?

-Јас во контактните спортови сум од својата 13-та година, почнувајки како боксер, а прилично подоцна се префрлив на кикбоксот, некаде околу 24-25 година. Главен виновник за тоа е мојот прв тренер и другар Шириовски Благојче-Кипро, кој, исто така, своевремено беше репрезентативец на Македонија под водство на Љупчо Неделковски.Тој човек сега е во Германија. Навистина премногу ми фали и го чувствувам неговото отсуство.

 За кој клуб настапуваш?

-Јас настапувам за кикбокс клубот Самурај. под водство на тренерот Тони Бошевски, со кој одлично се разбираме и, засега, одлично ни оди,,а се надевам и така ќе биде и понатаму. Како мој матичен клуб, барем јас, си го сметам бокс клубот Пелистер, иако тренирам и во други клубови кај мои другри, кои редовно ми помагаат. Во БК Пелистер се чувствувам најудобно.

Dimsa so urko i Bosevski

 Што си сакал а не си го остварил во кикбоксот?

-Има многу работи што сум ги пропуштил. Веројатно, нема ниту да ги наадоместам, заради возрста. Сепак, многу би сакал посериозно да влезам во профи водите.

 Дали размислуваш за повлекување од активното бавење со овој спорт?

-За повлекување засега не рзмислувам.

 Дали си член на навивачката група „Чкембари“?

-Не сум официјален член на „Чкембарите“, но голем дел од нив, да не речам сите, ми се добри другари и подржувачи, а кога имам време и јас сакам да им се придружам на трибини и да го бодроиме Пелистер, било да е фудбалска или ракометна средба.

 Ги сакаш ли ракометот и фудбалот?

-Да, го сакам фудбалот и го практикувам, знам и да изиграм по некој натпревар во текот на неделата.

 Кој ти го даде прекарот Димса?

-Димса потекнува од почетоците на училиштето и најверојатно е така заради презимето. Значи 25-26 години.

 Со што друго се занимаваш, освен со спорт?

-Да се занимавам со друго. Освен за спортот, немам време за нешто друго, бидејќи сум вработен во РЕК „Битола“ и ја имам мојата фамилија, малку време ми останува и за нив.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО