Кикбоксерите во АСМ по шестте медали на Балканското првенство во Ниш!

Kik boks 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, денеска имаше прием за македонската кик бокс репрезентација, која на неодамна завршеното Балканско првенство во Ниш, Србија, постигнаа одлични резултати, освои два златни, три сребрени и еден бронзен медал.

„Освоените шест медали во конкуренција на над 220 репрезентативци од 10 балкански држави говори за тоа дека македонскиот кик бокс има светла иднина. Тоа се докажа и во минатото на Европските и Светските првенства, каде нашите репрезентативци во континуитет имаат одлични настапи и се освојувачи на највисоките одличја” – изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Aleksandra podaruva

Тој им го честиташе успехот на медалистите и им посака уште многу ваквиблескави моменти во нивната спортска кариера. Истовремено,  и го честиташе и изборот на претседателката на Македонската федерација, Александра Неделковска, за претседател на Балканската кик боксинг федерација, што, како што рече Спасески, претставува уште една потврда за високото реноме и угледот кој го ужива македонскиот кик бокс во меѓународни рамки.

Спасески истакна дека АСМ најмногу финасира активности во каратето и кикбоксот, како неолимпсики спортови. На тоа Неделковска рече дека тие се одложуваат со резултати. Но, тие ја искажаа потребата од изградба на еден спортски центар за боречки спортови, со кој би се подобриле условите за тренажниот процес. Сапесеки не можеше ништо да вети, но нагласи дека ти ќе ја поддржат секоја иницијатива за јавно приватно партнерство.

Од првите луѓе на Кик боксинг федерацијата на Македонија посочија дека во држвата има 30 активни клубови, кои учествуваат во натпреварувачкиот процес, но и дека има клубови кои не се регистрирани во Федерацијата.

 Македонските репрезентативци беа задоволни од постигнатиот успех и искажаа надеж дека овој успех ќе се повтори и на Светското првенство, на кое наесен домаќин ќе биде Белград.

DSC00734

Претседателката на Кик боксинг федерацијата на Македонија, Александра Неделковска се заблагодари на поддршката која федерацијата ја добива од страна на државата и АМС и најави дека во 2016 година, Република Македонија повторно ќе биде домаќин на едно големо меѓународно натпреварување во кик бокс.

Директорот на АМС најави дека ќе се зголемат за 10 проценти стипендиите на младите спортисти до 20 години од овој месец и дека младите спортисти ќе имаат бесплатни прегеледи, работа што ќе се спроведе со Министерството за здравство.

Медали на Блаканското првенство освоија: Димитар Георгиев (-79 кг) и Ненад Манојловски (-69 кг) – кик лајт-златни медали, Милан Кубин (-89 кг) – кик лајт, Енвер Реџеповски (-75  кг) – лоу кик и Марија Божиновска (+70 кг) – кик лајт – сребрени и Хадис Рамадани (-67 кг) – лоу кик-бронзен медал.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО