БРУТАЛНО! Фјури сака да му го откорне срцето на Владимир и да го нахрани Виталиј Кличко!

fjuri klicko mikrofon

Британскиот професионален боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури, вети дека ќе му го откине срцето на светскиот шампион на четири федерации Владимир Кличко и со него ќе го нахрани брат му Виталиј Кличко, кој во моментов е градоначалник на Киев.

 Тајсон Фјури го објави ова на својот Твитер профил со слика на човечко срце со следниов коментар:

 „Тоа е откоранатото срце на Кличко од мене, со кое сакам да го нахранам неговиот брат, за да го почувствуваат и двајцата вкусот на поразот“.

Натпреварот помеѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури ќе се одржи на 24 октомври во Дизелдорф (Германија).

Владимир Кличко во април во Њујорк успешно ги одбрани четири светски титули, победувајќи го на поени Американецот Брајант Џенингс. Тајсон Фјури има 24 меча на професионалниот ринг и 24 победи, од кои 18 со нокаут.

https://youtu.be/LW6AcEFMEjg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО