Кикбоксерите утре на два фронта – „Гранд при БиХ 2022“ и Илиоски на „Сенши“

Викендов, односно саботата е интересна за македонскиот кик боксво сабота, бидејќи натпреварувачи на Македонската кик бокс маи таи федерација ќе настапат на два настани на различни места.

Едниот е престижниот високорангиран турнир СЕНШИ во професионални борби во Варна, Бугарија, каде што секоја година покана добиваат и се борат најдобрите и најатрактивни борци медалисти во кик бокс, маи таи, кјокуншикај карате во своите матични Федерации.

Па така, по покана на отганизаторите нашиот борец Бобан Илиоски кој ќе се бори за појас со бугарскиот ВАКО шампион Александар Петров, кој важи за еден од најдобрите борци во Бугарија. Борбата е на 85 кг 3 рунди по 3 минути со продолжеток 1 рунда плус ако резултатот е нерешен.

А другиот е „Гранд при БиХ 2022“ во Сараево, Босна и Херцеговина, во арената на хотел „Хилс Илиџа“, ќе се одржи традиционалниот престижен ВАКО кикбокс трунир во татами и ринг дисциплините.

На овој престижен натпревар ќе настапат 567 спортисти со 726 натпреварувачки влезови од 13 држави. Репрезентацијата на нашата држава е составена од 32 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови и 13 тренери и официјални лица и тоа:

КБК Шампион Скопје со 7 натпреварувачи,

КБК Тим Зоран Струмица со 9,

КБК Работнички Адора Скопје со 6,

КБК Гладијатор Неготино со 3,

КБК Максам тим Прилеп со 2,

КБК Самурај Битола со 1,

КБК Лидер Виница со 2,

КБК АС Делчево со 1

КБК Гладијатор фајт Штип со 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON