Кикбоксерите утре ги почнуваат борбите на Балканско првенство во Сараево

Сараево е домаќин на Балканското првенство во кик бокс кое почнува утре и ќе трае до недела.

На Балканското во главниот град на Босна и Херцеговина ќе настапат 10 репрезентации во јуниорска и сениорска конкуренција во дисциплините лоу кик и кикк лајт.

Од нашите репрезентативци може да очекуваме медали, бидејќи на балканските шампионати редовно имаме успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО